Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

mickoski-idadija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ  кои сега најавуваат протести откако првичните обиди за дестабилизација им биле, очигледно, осуетени. Мирни протести, според Мицкоски, се демократска алатка и никој не е против, но доколку станат насилни, Владата мора да ги брани институциите.



„Се додека тие протести се мирни и демократски ние немаме против. Тоа е убавината на демкратијата, да имаме различни мислења. Ние не можеме да имаме исти мислења за се. Но доколку тие протести од мирни, демократски преминат во насилство тогаш ние мораме да ги одбраниме институциите. Тоа е нормално и очекувано од една Влада, не треба да бидеме изненадени. Ајде да видиме во периодот кој следи како ќе се одвиваат работите па ќе ги коментираме“, рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на нивнарски прашања по промоцијата на апаратот за магнетна резонанца во Поликлиниката „Идадија“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како дел од коалицијата „Европски фронт“ организираше посебна прес – конференција со наслов „100 дена скандали, потфрлања, омаловажувања“ на која главен акцент стави на непочитувањето на основните права на Албанците и најави дека како коалиција нема да ја дестабилизираат земјата туку дека ќе организираат протести кои им се демократско право.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK