Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Можам со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите коишто ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи. Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.
Додаде дека тоа е уште еден доказ и оти не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.