Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид-поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми за време на ковид-кризата потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.
Во периодот што следува на владина седница ќе формираме такво тело, кое во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот, познат како ФИТР, и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.
Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.