Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со жалање го прочитал статусот на поранешната министерка Славјанка Петровска во кој таа упати обвинувања на негова сметка.
„Не е прв пат госпоѓицата Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици и конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, но јас тоа го оставам на нејзината чест и совест. Не би сакал да навлегувам во длабочината на нејзината мисла додека го креирала и го објавила овој пост. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба, затоа што би сакал органите, судот, до крај да го расветлат ова и да видат со какви докази располага госпоѓицата Петровска, дека јас сум нарачувал и охрабрувал убиства.
Сепак јас имам семејство, моето семејство функционира низ градот и не би сакал да се најде во непријатна состојба.“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.
Тој посочи дека Петровска се обидува политички да спечали напаѓајќи го него лично и преку тоа и неговото семејство и најави дека во деновите кои следат ќе биде поднесена тужбата.