Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години


Screenshot-2025-05-02-143516.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:


„Да, очекувам. Инаку имаме ниво на јавен и државен долг во однос на бруто домашниот производ којшто е најнизок во последниве пет години. Односно јавниот долг е некаде околу 57,7% од бруто домашниот производ, а додека пак државниот е 50,1%. Како Влада имаме јасна стратегија, до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55%, зошто да не и под 50%, а државниот да биде под 45%, зошто да не и под 40%.

Но, она коешто за мене е исто така важно е да номиналниот бруто домашниот производ биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат, очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели, во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сум сигурен, бидејќи како што кажав во месеците коишто следат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани“, кажа Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK