Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на изјавата на еврокомесарката Марта Кос, која побара Македонија да ги спроведе уставните измени, како услов за напредок на патот на земјата кон полноправно членство во Европската унија.
„Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички разговори, конечно, по две и пол децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме“, изјави Мицкоски.
„Мора да не биде и ќе не биде“, истакна Мицкоски, потпирајќи се на позитивните резултати од досегашните средби со светски лидери. Тој ја потенцираше важноста на неговите разгвори со францускиот претседател Емануел Макрон, кои ги нарече „суштински дијалог“. На средбата во Будимпешта, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфрастурткруата, здравството.
„Успеавме да се сретнеме со сите релватни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во едне мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседал. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за мнгоу отворени теми“, истакна премиерот.