Мицкоски: Изјавите на Радев се дел од средниот век, поминаа времињата кога политичарите виткаа кичма

mickoski-radev-800x382.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Maкедонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен да седне на иста маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и со факти и аргументи да разговара за иднината. Сепак, оцени дека добрососедство не е ако нема меѓусебна почит и ако едната страна е понижена, а другата ликува.



Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова како што пренесуваат бугарските медиумите, пред новинарите го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев.

Овие изјави Мицкоски ги оцени за анахрони и изјави дека се дел од средниот век, а не од современа Европа.

„Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот. Му посакувам на господинот Борисов да ја формира владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Тоа не треба да имате дилема. Но, исто така, мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, коишто виткаа кичма, коишто коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса. Од друга страна во името на европското знаме го ограбуваа народот, ја засрамуваа и понижуваа својата татковина“, рече Мицкоски.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK