­

Мицкоски го поддржа бојкотот на маркетите: Од почеток зборувам за поединци во овој бизнис кои шпекулативно сакаат да профитираат

Mickoski-kolicka-market.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најавите за бојкот на маркетите кај нас в петок, по примерот на бојкотот на маркетите во Хрватска и Црна Гора, добија поддршка од премиерот Христијан Мицкоски. Тој попладнево одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на уловите за користење на парите од унгарскиот кредит, рече дека токму однесувањето на некои поединци од тој бизнис е во неговиот фокус откако е на функцијата.


„Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите и пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат“, рече премиерот Мицкоски.

Со мотото „Попусто попусти кога цените се исти!“ од утрово на социјалните мрежи граѓани повикуваат на бојкот на маркетите во петок. Иницијативата за бојкот ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ од каде сметаат дека одредени маркети со зголемувањето на цените влијаат директно врз зголемување на сиромаштијата.

И СДСМ ја поддржа иницијативата за бојкот на маркетите. Нивниот став е дека граѓаните се подготвуваат за бојкот оти Владата не ги заштити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK