Мицкоски е разочаран од новото раководство на СДСМ: Ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски страсти и навреди

hristijan-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од новото раководство на СДСМ премиерот Христијан Мицкоски не очекува конструктивна опозиција. На денешното поставување камен-темелник з анова детска градинка во Расадник, Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашања премиерот Мицкоски рече дека за новото раководство на СДСМ може да каже две работи.


„Прво дека членовите на конгресот или на општинските организации на СДСМ си избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат. Ние не можеме да кажеме какво раководство треба да има СДСМ. Тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат и во ред, тоа е што е. Второ што можам како порака да го пратам е дека не сум импресиониран од ова раководство, напротив, разочаран сум затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена кај нас. Ќе продолжат со оние конструкции, измислици, ниски страсти, навреди, дневно политички и тоа е што е“, рече премиерот Мицкоски.

Според него локалните избори следната година ќе бидат првиот тест за новото раководство на СДСМ.

„Отприлика за десет месеци од денеска ќе има веќе кампања за локалните избори и ќе видиме дали ова ново раководство ќе понуди нешто ново, нема да понуди нешто ново и така натаму. Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена. За жал можам да констатирам дека не сум импресиониран од кадровската понуда, но тоа е одлука на членовите на конгресот на СДСМ“, вели премиерот Мицкоски.

СДСМ вчера избра нов состав на Централниот и Надзорниот одбор како и заменик-претседател. Заменик – претседателка на партијата од вчера е Фани Каранфилова-Пановска, а во Централниот и Надзорниот одбор влегоа поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски, поранешниот директор на истражниот завор во Шуто Оризари, Филип Андов, поранешниот пратеник Мартин Костовски, поранешната заменик-министерка за правда Викторија Мадиќ-Аврамовска и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK