Мицкоски: Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со „Синохидро“, инаку имаше опасност да плаќаме пенали од 50 милиони евра

Hristijan-3-25072024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на новинарско прашање во текот на настанот организиран во Стопанската комора даде коментар за одлуката на кинеската компанија „Синохидро“ за повлекување од спорот против државата за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.


„Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон „Синохидро“, а „Синохидро“ кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека, во изминатите 30 дена се обезбеди таа арбитража да биде повлечена. Инаку постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали“, истакна Мицкоски и дополни дека се работи за спор кој настанал од подизведувач поврзан со имотно правни односи кои му оневозможиле непречено да работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK