Мицкоски-Браун: Реафирмирана одличната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата Конрад Аденауер и разговарано за проектите за претстојните избори во Македонија

mickoski-1-11032024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски и партискиот секретар за меѓународна соработка Стефан Андоновски денеска се сретнаа со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Македонија.



На средбата на Мицкоски со директорот на фондацијата Конрад Аденауер, Браун беше реафирмирана одличната соработка помеѓу партијата и германската фондација.

Мицкоски и директорот на фондацијата во Македонија, Браун разговараа за програмата и проектите кои се планирани да се претстават пред граѓаните на претстојните избори во Македонија.

На средбата помеѓу Мицкоски, Муцунски и секретарот за меѓународна соработка Андовски стана збор и за општата политичко-економска состојба во Македонија.

Мицкоски и Браун заклучија дека и во иднина продолжува одличната соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и КАС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK