Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница


3-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Собранието ја одржа 39. седница, тематски посветена на статусот и правата на жените.


Откако во Собранието пред неколку години е воспоставена практика секој 8. Март да се одбележува со одржување пригодна седница, годинава пратеничките дискутираа на тема „Триесет години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, честитајќи го Меѓународниот ден на жената, рече дека цел на оваа седница е да се потврдат заложбите за унапредување на статусот и правата на жените во сите области. За таа цел, законодавната власт презема низа активности, рече Гаши, нагласувајќи дека не случајно 65 проценти од вработените во Службата во Собранието се жени.

Претседателот на Собранието рече дека, и покрај законската заштита од дискриминација и од насилство, жените и натаму се често дискриминирани и жртви на насилство, така што борбата за целосна рамноправност продолжува и треба да биде сеопфатна, да биде заедничка цел на целото општество.

„Раката што ја ниша лулката е истата рака што го движи светот. Секогаш кога една жена се бори за себе, таа се бори за сите жени“, порача претседателот Гаши.

Пред пратениците се обрати и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, која порача дека силата на жената произлегува од мајчинскиот инстинкт, од посветеноста, од храброста, од емпатијата и од алтруизмот…

Зборувајќи за родово базиранотоа насилство, претседателката на државата рече дека тоа е злосторство што не познава граници, надминува култури и затоа бара организирана планетарна акција. На збунетото и конфузно општество, истакна таа, му треба свет во кој нема да се толерира насилството врз жените. Ние имаме законодавство, рече Сиљановска Давкова, ама треба да го зајакнеме и унапредиме. Превенцијата и едукацијата, како што оцени, се најголемата заштита од родово базираното насилство.

Жаклина Пешевска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, се осврна на факторите кои влијаат на зголемување на родово базираното насилство, и покрај солидната законска рамка за негово спречување.

Пешевска рече и дека низ годините се докажа дека поголемата застапеност на жените во политиката и на раководни позиции придонесува за намалување на конфликтите и за решавање на проблемите.

На седницата, во име на своите пратенички групи, говореа и пратеничките Дијана Тоска, Фериде Хаџиу, Јована Мојсовска и Даниела Белимова.

Се обрати и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, која нагласи дека досега се направени значителни чекори напред, но дека патувањето кон целосна родова еднаквост продолжува.

Жените во нашата држава, рече генералната секретарка на Собранието, не бараат посебни привилегии. Тие бараат еднаков пристап, фер шанса и отворени можности. Само преку женската солидарност и еднаквост, нагласи Димовска, ќе ги надминеме стереотипите во општеството,

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK