Во „Јавна соба“ во Скопје денеска почнува тридневната, хибридна меѓународна научна конференција „Екоантропологија: помеѓу човекот и околината“ во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.
На конференцијата има учесници од Северна Македонија, Србија, Кина, Хрватска, Полска и Велика Британија.