Меџити: За првпат формиран надзорен комитет за превенција на ментално здравје и психосоцијална состојба на децата и адолесцентите

Меџити-За-првпат-формиран-надзорен-комитет-за-превенција-на-ментално.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Фатмир Меџити се обрати на отворањето на првата работилница за подигнување на свесноста за превенција на менталното здравје на децата, адолесцентите и младите луѓе во Северна Македонија, преку вклучување на лидерки од локалните заедници.


„Во септември годинава, за прв пат во Министерството назначив надзорен комитет со претставници од сите релевантни чинители во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, како и претставници на професионални здруженија и експерти од областа. Надзорниот комитет има задача да ги следи активностите поврзани со превенција на менталното здравје и психосоцијалната состојба на децата и адолесцентите, во рамките на заедничката програма на СЗО и УНИЦЕФ, и да изготви Национален акциски план со мерки и активности насочени кон одговор на потребите за ментално здравје на помладата генерација, и тоа до крајот на оваа година“, посочи Меџити во обраќањето.

Најновите резултати од последното истражување за однесувањето на деца од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци.

„Неопходно е заеднички да дејствуваме. Само со посветено партнерство и соработка помеѓу различните институции, младите, родителите/старателите и згрижувачите, граѓанското општество и меѓународните организации, ќе овозможиме поддршка за менталното здравје на нашите деца и адолесценти“, додаде министерот.

Меџити изрази благодарност до Канцелариите на СЗО и УНИЦЕФ во Скопје за континуираната поддршка при спроведување на активностите поврзани со менталното здравје на децата и адолесцентите, како и на граѓанското здружение „БИОМ- Центар за одржлив развој“ за ангажманот и посветеноста во вклучувањето на претставници – лидерки од локалната заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK