Изет Меџити лидерот на Демократското движење, која е дел од здружената албанска опозицијата, порача дека во Алијанса за Албанците има различни мислења околу тоа дали ќе настапат заедно на следните избори.
„Крајно време е да пресечат. Ние сме отворени и за невладиниот сектор и независните интелектуалци. Треба да одлучат дали ќе одат со власта или со опозицијата и дел од новите победи“, порача, Меџити, на заедничката прес-конференција со лидерите на Алтернатива и БЕСА, Африм Гаши и Биљал Касами.
„Сакаме да искажеме благодарност до меѓународните сојузници кои засега ја спречуваат аванатурата на ДУИ за враќање на Груевски во Скопје. Сепак повикуваме на будност, бидејќи како и секој друг очајник, така и ДУИ се фаќа за сламка. Нашите извори кажуваат дека ДУИ одамна е откажана од уставните измени и дека единствената причина за враќањето на Грувески е на таков начин да издејствува пазар со раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Меџити.
Додаде дека ДУИ се надеваат дека Груевски ќе им обезбеди позиција, и со изгубени избори да можат да издејствуваат концентрациона влада во која ќе се пазарат и со пратениците на СДСМ.
„Албанците на изборите ќе им ја испорачаат фактурата, нема прошка за кокетирањето со Груевски. Врв на лицемерие е сега ДУИ да манипулира дека Груевски ќе ни ги донесе европските вредности од Будимпешта“, вели Меџити.
Гаши пак оценува дека без искоренување на корупцијата нема што да бараме во ЕУ.
„Нема да правиме никакви компромиси со патот на државата кон ЕУ.
Вториот наш услов се работи за уставниот амандман за незастарување на политичката корупција. Нашата цел е крајно да ставиме точка на злоупотребата на функционерите и избраните и именуваните лица кои се збогатуваат со парите на народот. Ќе се бориме тоа да биде уставен амандман и тие дела да не застаруваат никогаш.
И третиот наш услов се работи за формулацијата за албанскиот јазик. Ние сметаме дека таа формулација е понижувачка и кога ќе се отвори уставот таа треба да се смени. Во уставот треба да стои јасно- Албанскиот јазик а не никакви проценти други, затоа што мислиме дека тоа не му прави никаква чест ниту на Албанците ниту на Македонците ниту на сите други граѓани а е за унапредување на државата во рамми на ЕУ“, рече Гаши.