На партијата на Изет Меџити, односно Демократското движење, денеска и се приклучија целокупни структури на Демократската унија за интеграција од Сарај, објви Меџити.
Меѓу личностите кои му се придружуваат на Изет Меџити, како што наведуваат од партијата, се голем број носители на политичкото делување на ДУИ во огранокот Сарај.
„Мухамед Рама, претседател на подогранокот Радуше, поранешен претседател на Советот на Општина Сарај, актуелен општински советник, Зухејр Реџепи, член на огранокот на Сарај од Горно Свиларе, Насер Мухареми, поранешен претседател на подогранокот на Долно Свиларе, основач на ДУИ и поранешен борец, додека сличен чекор има и поранешниот портпарол на Огранокот на ДУИ во Сарај, познатиот новинар Африм Таналари.
Му се приклучија на Демократското движење, кое е основано за да направи политички промени во земјата и Селајдин Белули, член на подогранокот Сарај од формирањето на ДУИ, Мухамед Елмази, претседател на подогранокот Сарај и член на Генералниот совет на ДУИ, а во моментов советник во Град Скопје, Арсим Рустеми, член на огранокот во Сарај од подогранокот од Арнаќија и Ајрула Мустафа, член на огранок Сарај од подогранок Семениште“, велат од Демократското движење на Меџити.
Како што се додава, голем интерес искажале уште еден голем дел од структурата на ДУИ, од кои се очекува многу брзо да се приклучат.
Демократското движење под наслов: „Чесното патување продолжува“ соопштува дека за координатор на Демократското движење за огранокот во Сарај го назначува Мухамед Елмази, советник во Град Скопје, економист и политички активист, додека Мухамед Рама е именуван за заменик координатор, Претседател на Советот на Општина Сарај, магистер по политички науки и политички активист.