Меџити на конференцијата за климатски промени COP29: можност за обезбедување на нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура

1-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29 Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како – COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку.


COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит е „Инвестирање во одржлива иднина“, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии, и обезбедува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промовирање на обновливите извори на енергија.

Меџити претстојува заедно со министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, каде е дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција, и претставува можност за Македонија да создаде нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе за постигнување на долгорочни климатски цели и економски развој.

Од суштинско значење е да се имплементираат резултатите од глобалниот преглед за да се одржи целта кон 1,5 степени целзиусови, на национално определен начин.

Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, COP29, која се одржува во Баку, Азербејџан започна денес а завршува на 22 ноември 2024.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK