Меџити: глукомерите се безбедни, отсега нема да доцнат лековите

Medziti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај ако нема некоја компонента или материја“, рече министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со набавката на глукомерите и лентите за дијабетичарите.


Тој изрази жалење за задоцнувањето на тендерот и посочи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното овие неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

„Од моментот кога се објавува тендерот компанијата што ги носи глукомерите и лентите има рок од три до шест месеци, што во овој случај не беше пракса. Ги замоливме претставниците од компанијата, беа во два наврати кај мене за да можеме што побрзо да ги набавиме овие глукомери и лентите за да можат дијабетичарите нормално да го добијат тоа што им е свето право, што им е загарантирано и со закон“, вели Меџити.

Министерот ги негираше шпекулациите дека глукомерите биле во некој магацин.

„Тоа не е вистина, може да го проверите во Царина. Од 14 септември 2023 тие се поминати, царинети, стандардизирани со сите протоколи, со сите документи“, дециден е тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK