Меџити: Детската болница „Козле“ прерасна во Клиника за респираторни заболувања, ова е голем чекор напред

Меџити-Детската-болница-„Козле-прерасна-во-Клиника-за-респираторни-заболувања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска беше во посета на Детската болница „Козле“ којашто прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата по донесената одлука од Владата на Република Северна Македонија.



Со ова како што посочи Меџити се обезбедува подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

„Ова е голем чекор напред за установата и признание за посветената работа и заложбите на раководството и на целиот медицински и немедицински персонал, кој применува стручен и мултидисциплинарен пристап од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза. Универзитетската клиника „Козле“ која како установа постои веќе 72 години, претставува единствен центар на Балканот кој третира исклучиво респираторни заболувања, односно заболувања на дишните патишта кај децата. На годишно ниво овде се вршат над 35 илјади амбулантски прегледи и над 4 илјади хоспитализации на деца со респираторни заболувања, а стручниот кадар опфаќа 55 доктори специјалисти и супспецијалисти од над 200 здравствени работници“, рече министерот за здравство.

Според него, со прераснувањето во универзитетска клиника, оваа установа се зајакнува како наставно-научна база во рамки на која врвниот стручен кадар ќе го пренесува своето знаење и искуство на помладите специјализанти и студенти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK