­

Медицинската рехабилитација кај пациенти со тешки изгореници може да ја извршува само специјализиран медицински кадар, апелира министерството за здравство


Screen-Shot-2019-12-28-at-2.28.10-PM.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство преку соопштение jа нагласува целосната посветеност кон обезбедување на најдобрата можна здравствена грижа за повредените лица по трагедијата во Кочани.


„Во однос на третманот на повредените, истакнуваме дека здравствениот систем располага со соодветни капацитети и стручен медицински кадар, подготвен да одговори на потребите за итна медицинска нега, рехабилитација и долгорочна физиотерапија.

Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, претставува строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар.

Несоодветната физиотерапија без медицинска проценка може да доведе до несакани последици по здравјето на пациентите, а таквите постапки се казниви според Законот за здравствена заштита“.

Ги повикуваат сите институции и медицински професионалци да продолжат со координирана и стручна работа, со цел да се обезбеди безбедна и квалитетна грижа за повредените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK