Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие сте партии на олигархијата како и СДС

mecinovik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, на Седницата за избор на Заменици министри во новата Влада посочи дека политичките партии во Македонија се претставници на крупниот капитал.


„Имам еден идеолошки коментар и коментар за вашето произволно толкување на социјалната констелација во нашето општество затоа што спомнавте криминална каста, па таа криминална каста соработувала со корумпирана каста! Сите тие опишувања на нашето општество не одговараат на реалноста, затоа што во нашето општество, кастите и класите кои постојат, се оние на обичните луѓе, на работниците и на великопоседниците т.е. на крупниот капитал“, посочи Мециновиќ и додаде:

„Политичките партии во Македонија се претставници на крупниот капитал! Значи вас тоа ве обединува. Претходно имавте преклопување, дури и лидерите на партиите ви доаѓаа од истиот сектор – од енергетскиот сектор, или тоа што народот го вика енергетска мафија. Сега имате малку расчекор со новиот лидер на СДСМ, но и со него имате обединување, затоа што за него се спомнаа информации дека тргнал во авантура за приватизирање на болници“

Како што вели, во ребалансот на буџетот се предвидува трикратно намалување на буџетските средства за изградба на новите капацитети во здравството.

„Значи, се што ќе се случи, е дека за обичните луѓе, репресијата иселувањето и се тоа што навистина го боли обичниот граѓанин ќе продолжи да постои.“, рече Мециновиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK