Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Screenshot-2024-06-13-083936.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад извршен од мечка врз овци во Гостиварско.


„Конкретно, вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар)“, соопшти ЦУК.

Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци.

Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен.

По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС Гостивар. По утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар, информираат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK