Маричиќ на средба со Ескобар: САД дејствуваат за напредок на регионот на Западен Балкан

Маричиќ-на-средба-со-Ескобар-САД-дејствуваат-за-напредок-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На конструктивната средба со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, потврдивме дека нашето стратешко партнерство ги зајакнува односите меѓу двете држави и нашето заедничко дејствување за напредок на целиот регион кон ЕУ истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.



„Со премиерот Ковачевски ја изразивме подготвеноста на Владата и определбата за продолжување на сите реформски процеси кои се од клучно значење за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Работејќи на нов напредок во преговорите со ЕУ, веруваме дека во наредниот период ќе ги оправдаме очекувањата на нашите сојузници и ќе продолжиме во правец за брзо членство во ЕУ, а САД ќе продолжи да ги поддржува реформите на патот кон ЕУ.

САД ги цени волјата и сериозниот пристап кој Северна Македонија го има кон евроинтеграцијата и одржувањето на стабилноста и мирот на целиот регион, што нѐ прави кредибилен и важен партнер на НАТО Алијансата, чиј придонес е признат и ценет“, истакна Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK