Манипулациите на СДС не поминуваат, Владата вистински се грижи за земјоделците, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манипулациите на СДС кај земјоделците не поминуваат. Земјоделците вчерашната одлука на владина седница ја поздравија. Грижата за земјоделците од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ им пречи на СДС, па затоа мора да реагираат со соопштение полно со лаги и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Согласно официјалните податоци на веб страната на Земјоделскиот Пазарен информативен систем (ЗПИС) просечна откупна цена на пченицата во период од 01.01.2023 – 31.12.2023 година изнесувала 11,34 денари.

Производството на пченицата секоја година додека СДС беше на власт се намалуваше. Денеска откупот на пченицата се одвива во нормален тек, за квалитетна пченица откупните центри плаќаат 12 денари за килограм. Владата на СДС креираше мерка за производители на јачмен да им биде исплатено 6.000 денари по хектар, додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница предвиде поддршката на земјоделците кои што одгледуваат јачмен да не изнесува 6.000 туку 12.000 денари по хектар“, појаснуваат од партијата на власт.

Според нив, земјоделците го прочитаа лицемерието на СДС и затоа ги казнија на изборите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK