„Малиот Груевски – Мицкоски, освен за блокади друго и не знае. Со блокирање на европскиот пат на државата, ја продолжува политиката на својот претходник, кој 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО“, соопшти СДСМ.
„Малиот Груевски на граѓаните наместо европска иднина и европски вредности, повисоки плати и пензии, пристап до европскиот пазар од 500 милиони жители и европски фондови, им нуди неизвесност и несигурна иднина.
Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени“, се додава во соопштението на СДСМ.