„Мали Заев призна дека Владата на ДУИ и СДС ја презадолжиле државата, каматната стапка на унгарските пари е дупло помала од таа на еврообврзницата која тие ја обезбедија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

zaev-filipce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Минатата година владата на СДС и ДУИ обезбеди евро обврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 7%. Парите обезбедени од Унгарија се со каматна стапка од 3.25% или повеќе од половина помалку од таа обезбедена од Владата на СДС и ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.



„Година и пол по еврообврзницата на СДС, државата нема ништо направено, парите отидоа во приватни џебови. Додека половина милијарда од Унгарија, половина ќе бидат за кредити за компании и за стопанството, другата половина за општински капитални проекти и развој на локалната самоуправа.

СДС вели дека е загрижена дека ќе се зголеми јавниот долг над 65 проценти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е со стаж од помалку од еден месец, што значи дека СДС јавно призна дека поради неодговорното и криминално владеење на Заев, мали Заев и неврохирург на СДС Венко Филипче долгот го зголемиле до енормни граници. Разликата е што сега овие пари ќе се трошат одговорно и домаќински, наместо на сомнителни тендери завршувајќи во приватни џебови“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK