Максим Димитриевски повикан на распит: „Притисоците се интензивираат, но тоа нема да ме обесхрабри“

maksim-dimitrievski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за претседател, Максим Димитриевски, објави дека добил покана да се јави во Обвинителство на 15-ти месецов во својство на обвинет за неизвршување на судска одлука.


Фотографија од поканата Димитриевски на социјалните мрежи, наведувајќи дека притисоците продолжуваат но тоа нема да го обесхрабри.

„Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“, објави Димитриевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK