МАКОТЕН реагира: Обвинувањата на ДУИ за градба на казино во Блаце се клевета и политичка манипулација


kazino-Depositphotos_23092622_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МАКОТЕН ДООЕЛ ги отфрли како неосновани и клеветнички наводите на ДУИ дека на гробиштата во Блаце се гради објект за игри на среќа, поврзан со брендот „Казино Фламинго“. Од компанијата оценуваат дека станува збор за недозволива манипулација со верските чувства на граѓаните за политички цели.


Реакцијата следи по прес-конференцијата на ДУИ, на која беше споменат корпоративниот бренд „Казино Фламинго“. Од МАКОТЕН нагласуваат дека компанијата не се занимава со урбанистичко планирање и не црта градежни парцели.

„Секое тврдење дека имаме цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме земјиште каде што има гробишта е чиста клевета“, велат од компанијата.

Оттаму посочуваат дека МАКОТЕН е компанија со странски капитал од земја членка на ЕУ и дека сите инвестиции ги реализира во согласност со законските прописи. Потсетуваат дека „Казино Фламинго“ веќе 19 години работи на граничниот премин Богородица, а речиси шест години и во Скопје, во хотелот Мериот.

Компанијата е дел од групацијата „Новоматик Македонија“, со вкупни инвестиции над 80 милиони евра. Од МАКОТЕН истакнуваат дека континуирано поддржуваат граѓански иницијативи и реализираат хуманитарни и донаторски активности во областа на здравството, спортот и културата.

„Нема да дозволиме со кој било нов инвестициски проект да се наруши нашиот корпоративен углед“, наведуваат од компанијата, апелирајќи да престанат, како што велат, обидите за злоупотреба на брендот „Казино Фламинго“ во дневнополитички цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK