Австриските власти до Министерството за внатрешни работи испратиле барање за проверка на осомничениот кој планирал да изврши напад на концерт на американската ѕвезда, Тејлор Свифт.
Се работи за 19-годишниот Беран А. кој е роден во Австрија, а неговите родители потекнуваат од Македонија.
МВР постапува во однос на барањето.
Беран е приведен, а според последните информации, тој признал дека планирал да изврши напад пред стадионот во Виена каде што требаше вечерва и во следните два дена да настапи славната пејачка.
(Фото) Беран А. е терористот со потекло од Македонија кој го планирал нападот во Виена