Политичката партија Македонски концепт со делегација претставена од претседателот Петар Богојески и потпретседателот и лидер на дипломатското јадро, Самуел Наумовски Вицкиус, на покана од страна на администрацијата на претседателот Володимир Зеленски, учествува на Форум за безбедност на Црното Море 2024 ( Black Sea Security Forum ).
Форумот за Безбедност на Црното Море служи како клучна платформа за дијалог, соработка и стратешко планирање за безбедноста и стабилноста на регионот на Црното Море. Обединува креатори на политики, експерти и заинтересирани страни за да се адресираат најтешките предизвици и да се продлабочи соработката за заедничка корист на регионот.
Иницијативата е предводена од истакнати парламентарни лидери на Украина вклучувајќи ги Олекси Гончаренко, Ивана Климпуш – Цинцадзе, Олександр Мережко, Кира Рудик, Вадим Халајчук и Арсениј Пушкаренко како и полковник Ричард Кемп, Генерал Весли Кларк – бивши врховен командант на НАТО, 28. премиер на Австралија Х.Е. Тони Абот, директорката на CEPA г-ѓа Кетрин Сендак и одразува заеднички напор кон адресирање на заедничките предизвици вклучително и промоција на меѓусебните интереси во регионот на Црното Море.
Дневниот ред на Форумот за безбедност на Црното Море 2024 опфаќа дискусија на разновидни теми кои се критични за регионалната безбедност и иден просперитет, вклучувајќи ги предизвиците во регионот за безбедност, економскиот развој и трговијата, НАТО интеграцијата и интеграцијата во ЕУ а на дневен ред ќе бидат и стратешките партнерства.
Како претставници на Македонска концепт, Петар Богојески и Самуел Наумовски учествуваа со презентација на националните интереси на Република Македонија во овие области, а кои се во прилог на македонската кауза, со цел зголемување и продлабочување на соработката на Република Македонија со Република Украина, Европската Унија, НАТО и Америка и адресирање на заедничките предизвици во регионот на Црното Море и Европа. Нивното присуство го одразува стремежот на политичката партијата Македонски концепт за мир, стабилност и просперитет на Обединета Европа.
Форумот за безбедност на Црното Море 2024 од Македонски концепт велат дека е непроценлива можност на засегнатите и заинтересираните страни да се обединат, да разменат перспективи и да го дискутираат проблемот поврзан со прашањето со Бугарија како црноморска земја, како земја која има директно влијание врз македонските евроинтеграции и која носи последици за Европа и регионот. Со активното учество на претседателот Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски Вицкиус и сите уважени учесници, се очекуваат плодни и конкретни резултати кои ќе бидат од корист за македонската кауза, за сите учесници на Форумот, вклучително и за Република Македонија и за Република Украина.
ПР текст