Македонски Концепт ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент

1-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот Стејт Департмент објави сериозни обвиненија за значителна корупција против поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Овие обвинувања ја разоткриваат длабоката злоупотреба на службената положба и институциите за лични интереси, со прифаќање мито за манипулација на судски процеси, што е недозволиво во правна држава, велат од Македонски концепт.


Македонски Концепт ја поздравува одлуката на Соединетите Американски Држави да ја адресираат корупцијата на високо ниво и ја поддржуваме нивната решителност во борбата против овој глобален предизвик.

„Веруваме дека ваквите чекори се силен сигнал за сите кои ја злоупотребуваат власта и поттик за нашата земја да го засили сопствениот одговор кон корупцијата. Истовремено, бараме итно постапување на надлежните институции за расветлување на обвинувањата, одземање на мандатите и процесирање на случаите во согласност со законите. Македонија мора да покаже решителност и државност во справувањето со оваа сериозна криза. Борбата против корупцијата е основа за изградба на праведно општество и доверба во институциите. Без одлагање, потребни се конкретни мерки и силна политичка волја за враќање на владеењето на правото и правдата“, посочуваат од Македонски концепт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK