Македонски Концепт: Алијанса за Албанците, како докажани соработници на корумпираните елити на ДУИ и Ахмети имаат најмалку право да зборуваат за морал, правичност или заштита на граѓанските права

DAD_8234-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во одговор на неодамнешното соопштение од Алијанса за Албанците, Македонски Концепт истакнува дека обвинувањата и навредите кои тие ги пласираат се само одраз на нивната политичка фрустрација и желба за одржување на етнички тензии.


„Наместо да се фокусираат на реалните потреби на граѓаните и на градење на заедничка иднина, тие продолжуваат со популистички обиди за поларизација и манипулација на јавноста. Македонски Концепт смета дека токму Алијанса за Албанците, како докажани соработници со корумпираните елити и структури на ДУИ и нивниот газда, Али Ахмети кои веќе подолго време го експлоатираа државниот систем, имаат најмалку право да зборуваат за морал, правичност или заштита на граѓанските права. Тие не се ништо повеќе од продолжена рака на мафијашките интереси кои сакаат да ја задржат својата контрола врз институциите, додека ги обвинуват другите за сопствените неуспеси“, нагласуваат од оваа партија.

Оцвенуваат дека вистинската опасност за нашата држава не се критичките гласови, туку оние кои со години работат на штета на заедничкиот интерес и на сметка на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

Македонски Концепт, како што прецизираат, секогаш ќе застане на страната на правдата и на вистинската интеграција, но нема да дозволи да биде предмет на лажни обвинувања и политички манипулации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK