Македонија ќе ја зафати невреме со пороен дожд, силен ветер и град


nevreme-so-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија денеска ќе биде погодена од нестабилно време кое ќе донесе големи промени во текот на денот. Утринските часови ќе започнат со сончево време и умерена облачност, но попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи, грмежи и локално невреме.


Според прогнозата, на поединечни места се очекуваат поинтензивни процеси – пороен дожд кој за кратко време може да надмине 20 литри на квадратен метар, проследен со силен ветер што ќе достигнува над 60 километри на час и појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 9 и 17 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 35 Целзиусови.

Во Скопје попладне и во текот на ноќта ќе се развие нестабилност со пороен дожд и грмежи, а на одредени делови од котлината можно е и невреме. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 12 степени во најстудените делови од денот до максимални 36 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне, ќе продолжи променливото и нестабилно време со врнежи и грмежи, на места со обилен дожд и појава на град. Од недела попладне се најавува стабилизација на времето со период на претежно сончеви и топли денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK