Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

vanja-svedochenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања.


 

Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле дека Вања не се појавила на училиште, а на телефонот била недостапна, локацијата на „Гугл“ им покажала дека е на Партизанска, а кога отишле таму со сопругот Александар, затекнале напуштена куќа. Внатре немало никој.

Ѓорчевска сведочеше дека сопругот и’ рекол и дека ја барал и во Сарај, Арачиново, Блаце, а од првиот момент велел: „Киднапирана е, нема што друго да биде“.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK