Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

loga.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште помалку Димитриевски; тој може да дозволи или да забрани знамиња во неговиот приватен дом, истакнува Кренар Лога, генералниот секретар на АА.


Владата, додава Лога во својот напис на социјалните мрежи, е дом на сите граѓани на Северна Македонија, а следствено и на 1/3 од вкупното население, во овој случај Албанците.

„Секоја заедница може да го користи своето знаме, кои се дел од преамбулата на оваа држава, како турското, бошњачкото, влашкото, ромското, египетското итн.
Државното знаме на Северна Македонија е почитувано од сите и затоа сите треба да ги почитуваат соодветните симболи. Таканаречениот српски етноцентризам се појавува како црн облак над нашата земја, и е лош знак, затоа запрете ги експериментите врз државата која секој ден се повеќе се обидувате да ја поделите и разедините. Засукајте ги ракавите и работете за иднината на оваа земја, доста со постизборна кампања“, потенцира Лога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK