Лога го викна шефот на Обвинителството за корупција Абази, разговарале за предметот со модуларната болница

pravda.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога на своја иницијатива се сретна со шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.


Како што известува Министерството за правда, на средбата меѓудругото, се разговарало за постапката која е во тек во ова обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што, велат, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Во однос на другите прашања, се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027 како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа.

Јавниот обвинител Абази го информираше министерот за правда Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите, се наведува во соопштението на Министерството.

Координативни средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период, додаваат од Правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK