Лиже таму кај што плукал, Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Лиже-таму-кај-што-плукал-Пендаровски-е-човек-без-кредибилитет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најдобар опис за неговиот карактер, според партијата на Мицкоски, е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори.

„Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира. Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите“, посочуваат од ВМРо-ДПМНЕ.

Според нив, едно е сигурно. Пендаровски, како што оценуваат, не е човек од збор и нема свој интегритет.

„Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата. За тоа ќе биде казнет на следните избори“, се нагласува во соопштението од оваа партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK