Лимани: Буџетот на Општина Гостивар за 2025 година е околу 27 милиони евра, најголемиот досега

471317321_905553585084429_8747603099988012528_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гостивар денес одржа јавна дебата за креирање на буџетот за 2025 година. Предлог-Буџетот на Општина Гостивар е планирано да биде 27 милиони евра, што претставува најголем буџет во историјата на општината.


„Денес организиравме јавна дебата во врска со буџетот на Општина Гостивар за 2025 година, дебата на која сите граѓани, невладини организации и заинтересирани страни можеа да дојдат и да ги споделат своите предлози и идеи за планирањето на буџетот на Општина Гостивар“, изјави Валбон Лимани.

Градоначалникот на Гостивар нагласи дека буџетот за следната година е околу 27 милиони евра, што е најголемиот досега.

„Оваа година буџетот на општината е околу 27 милиони евра, најголемиот буџет досега, и се надеваме дека ќе биде буџет кој ќе го обезбеди развојот на нашиот град, ќе обезбеди средства за животната средина, за развојот на спортот и за сите други области со единствена цел – да го направиме животот на граѓаните на Гостивар подобар“, изјави Лимани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK