Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во Собранието го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ дека ѝ праќал бакнежи и намигнувања од неговото пратеничко место. Т
„Како не вие срам, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи. Лигав еден. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру“, почна да вика Стојановска од говорницата, по што настана метеж.
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски кој претседаваше со седницата за пратенички прашања се обиде да ја смири ситуацијата.
„Дафина, држи се.., Дафина држи се…. Седнете на место“, и’ рече тој.
Стојановска и уште неколку пратенички потоа дојдоа до Мисовски и реагираа, по што тој и дозволи на Стојановска да зборува повторно.