Вчера во близина на селото Рожден, Кавадаречко, полициски службениц ги привеле С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница.
Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај селото Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика, велат од МВР.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.