Левицата: 240 милиони профит на сметка на бетон, загаден воздух и руиниран водоснабдителен систем

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во саботата, на 17.02.2024 на вонредна седница, советниците од ДПМНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров изгласаа катастрофален ДУП за градска четврт С3 16, истакнуваат од Левица.


„Со овој ДУП ќе се дозволи изградба на:
-21 кат (1 објект),
-18 ката (1 објект),
-16 ката (4 објекти),
-14 ката (два објекти)
-11 ката (6 објекти)
-9 ката (7 објекти),
-6 ката (1 објект)
-5 катници (9 објекти)

Дополнително, постои опасност да се изврши загрозување на трасата на главниот железарски цевковод Ф1600 со кој се врши водоснабдување на северниот дел на градот Скопје. Имено, во склоп на објект на Алкалоид таканаречената Лафома минува главниот железарски цевковод кој претставува основна водоснабдителна артерија на северниот дел на град Скопје. Во дворот на Лафома се наоѓаат и затварачи на делница од главниот железарски цевковод. Исто така во непосредна близина се наоѓа и бунарското подрачје Лепенец“, потенцираат од Левица.

Реализацијата на овој ДУП за градски четврт С3 16, според Левица, е прикриен од страна на градоначалникот Стојкоски со изградба на училиште, а реално, како што вели, носи потенцијален профит на инвеститорите од 240.000.000 евра.

„Шефот на урбаната мафија Стојкоски – наместо да го реши проблемот со водоснабдувањето на Ѓорче Петров потенцијално го загрозува водоснабдувањето на северниот дел на град Скопје. ДУП за градска четврт С3 16 е доказ за интерес коалицијата ДПМНЕ – СДС, потпишана од тандемот Стојковски – Бочварски на штета на жителите на Ѓорче Петров“, реагираат од Левицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK