Левица: Трет случај на масовно прислушување за кој нема одговорност, демократијата се претвори во фарса

Левица-Трет-случај-на-масовно-прислушување-за-кој-нема-одговорност.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера застаре еден од најскандалозните предмети, попознат како „Таргет-Тврдина”, кој се однесуваше на масовното незаконско прислушување и таканаречените “бомби”. Ова е директна последица на најновите измени на Кривичниот законик, кои власта ги шверцуваше во скратена постапка, без никаква јавна дебата, реагираат од Левица.


 

За еден од најголемите удари на демократијата, каде беа следени 4.286 телефонски броеви и прислушувани преку 20.000 граѓани, како што велат, никој нема да одговара – благодарение на спрегата СДС-ДУИ-ДПМНЕ. „Со оглед дека ова е трет случај на масовно прислушување каде нема одговорност, после случаите „Дувло” од 1992 година и „Големото уво” од 2000 година, јасно е дека демократијата во Македонија е фарса, а ваквите тоталитарни преседани стануваат пракса под владеењето на овие три истрошени партии.

Додека делегетимираните СДС и ДУИ, преку предлагачот Викторија Аврамовска Мандиќ, убедуваа дека измените на Кривичниот законик нема да предизвикаат амнестија – само еден месец подоцна, застареа и две дела на актуелни пратеници на ДПМНЕ. Деновиве застаре делото „Моќник”, каде пратеникот Антонио Милошоски и уште 10 лица се ослободени за продажбата на објект во сопственост на општина Македонски брод. Вчера застаре и делото „Продуцент”, каде за склучување договор од 50.000 евра без тендер осомничени беа коалициониот партнер на ДПМНЕ, Љупчо Димовски и Ивона Талевска“, велат од оваа партија.

Според Левица, скандалозните измени на Кривичниот законик, каде ДПМНЕ правеше кворум, е кулминација во колективната амнестија на трите партии кои владеат неказнето, додека затворите се полнат со “криминалци” осудени за кражба на ќебапи.

„Дури и Пендаровски во интервју скандалозно призна дека измените на Кривичниот законик “само во еден дел биле шверцувани со европско знаме”?!

Ваква колективна амнестија во минатото сведочевме пред самата промена на Уставот за нелегитимниот Преспански договор, па затоа прашуваме – дали измените на Кривичниот законик се дел од новото „преспанско сценарио” за Бугари во Устав? Јасно е дека со партии кои егзистираат врз криминална спрега и коруптивни мрежи – нема да има правда и не смее да има мир“, потенцираат од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK