Левица: Соживотот да се гради преку антифашистичката историја, а не преку необалистички повици, уцени и закани

sobranie-apasiev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денешниот неуспешен обид за бугаризација на Уставот потврди дека македонскиот народ е непосредно присутен во Собранието преку пратениците на Левица – присуство кое го смени текот на историјата и за прв пат успешно се спречи обидот за ново национално предавство преку менување на Уставот, велат од партијата преку соопштеие.


„Низ целиот процес, во изминатите година дена, Левица го одржа народниот гнев, преку пораките кои беа испратени на минатогодишните протести против т.н. Француски предлог и успеа да го наметне притисокот врз опозицијата, која во неколку наврати ретерираше од своите позиции.

И на денешната собраниска седница, не изостанаа скандалозните повици на истрошени политичари од албанскиот политички блок, кои отворено се заканија дека доколку не поминат уставните измени – таканаречени албански општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ?! Овие празни закани на ретроградни партии кои немаат што да понудат, освен етношовинистички изблици, веќе не поминуваат кај македонскиот народ – кој покажа дека идеалите на АСНОМ за македонската државотворност сѐ уште живеат во духот на Македонецот!

Левица упатува порака до овие политички субјекти дека соживотот единствено може да се гради преку заедничката антифашистичка историја на македонскиот народ со останатите етникуми, а не преку необалистички повици и празни уцени и закани.

Левица останува единствена парламентарна партија која повикува на целосен прекин на преговорите со Бугарија, затоа што патот кон ЕУ единствено може да води преку Копенхашките критериуми – а не преку врховистичките апетити на Софија!
Борбата продолжува!

Смрт на фашизмот и врховизмот – Слобода на народот!“. се вели во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK