Левица: СДС и ДПМНЕ изгласаа ребаланс на буџетот на Град Скопје – културните установи оставени на цедило

ВМРО-ДПМНЕ-Два-милиони-евра-за-покривање-на-криминалот-на-Данела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Левица истакнуваат дека ребалансот на Буџетот на Град Скопје беше заеднички изгласан од навидум двете спротивставени политички партии СДС и ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.


Во меѓувреме, како што додаваат, амандманот за финансиска поддршка за функционирање на културните установи, што беше поднесен од советниците на Левица, не беше изгласан ниту од ДПМНЕ, ниту од СДС.

„Граѓаните на Град Скопје треба да се запознаени со ваквото лицемерие на двете политички партии кои за важни работи за функционирање во градот воопшто не гласаат, меѓутоа кога се работи за нивни потајни договори, нивната коалиција е очигледна“, се подвлекува во реакцијата на оваа партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK