Левица предлага платено породилно отсуство за мајките-земјоделки

Левица-предлага-платено-породилно-отсуство-за-мајките-земјоделки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







,,Овој закон ние го поднесовме на 6-ти април и речиси година дена стои заглавен. За жал во нашата држава само со притисок и пред избори работи се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа согласно законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата“, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов за предлог-Законот за здравствена заштита.

Покрај ова, како што додаваат од Левица, жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравствено осигурување и не го добиваат ова фундаментално право.

„Земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички – оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје.

Заштита на мајките е фундаментално право кое не треба да се “заслужува”. Извештајот на ЕК го нотира овој проблем во целост, да немаме дилеми“, се наведува во соопштението од оваа партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK