Левица: Нови задолжувања од 548 милиони евра, буџетскиот дефицит расте, јавниот долг сè потешко се сервисира

FB_IMG_1721372432506.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, иако на прес-конференција во Владата најави нови задолжувања кон крајот на годината, таа веќе инстантно ја задолжи државата за нови 48 милиони евра преку државна обврзница издадена на 11 јули со рок на доспевање од 15 години, велат од Левица.


„Ако се додаде најавеното задолжување на премиерот Мицкоски од 500 милиони евра со кредит од Република Унгарија, вкупниот ЈАВЕН ДОЛГ би бил на највисоко ниво од скоро 9 МИЛИАРДИ ЕВРА. Со ваква состојба Македонија ќе се соочи со проблеми при сервисирање на долгот – само до 2028 год. ние граѓаните ќе треба да вратиме 1.8 милјарди евра по основ на камати. Во однос на ребалансот на буџетот, продолжува праксата на кратење на капиталните инвестиции секоја година. 325 милиони евра средства наменети за капитални инвестиции се прераспределни кон други намени, со продолжува непродуктивното трошење народни пари од страна на Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ, во стилот на нивните предходници. Со ваквата политика буџетскиот дефицит е зголемен за дополнителни 181 милиони евра“, додаваат од Левица.

Левица во својата изборна програма предлага:
– Целосна ревизија на јавниот долг и покренување на постапка за одговорност и рефундација од надлежните функционери кои недомаќински и расипнички трошеле за време на нивниот мандат како и
– Воведување златно правило за јавните трошења, со цел да се спречи дополнителен раст на јавниот долг за непродуктивни цели, односно да се оневозможи креирање нов јавен долг за тековни трошења, туку само за капитални инвестиции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK