„Откако Левица реагираше дека и со ревидираниот ДУП се предвидуваат згради на државно земјиште, градоначалникот Тимчо Муцунски излезе со демант дека на местото каде што треба да се гради висококатницата на „Голден Арт“ нема државно земјиште и како ДУП-от бил во согласност со барањата и потребите на граѓаните од населба Лисиче“, велат од Левица.
„Со оглед на фактот дека познавањето на локалната самоуправа му е слаба страна на најлошиот градоначалник во историјата на Аеродром, ќе се обидеме со слика “да му нацртаме” на Муцунски каде се предвидени згради во неговиот ДУП“, соопштува Левица.
„После упорните манипулации и напори да се протне овој ДУП, јавно го прашуваме Муцунски – Со што е задолжен пред компанијата „Голден Арт”? Дали истата се јавува како финансиер на неговата кампања, па Муцунски со ваквиот ДУП го плаќа долгот кон оваа градежна компанија“, прашуваат од Левица.
„Го замолуваме градоначалникот Тимчо Муцунски да престане да манипулира со жителите на населба Лисиче и да ги праша истите да се изјаснат преку референдум дали се за посочениот ДУП“, бараат од Левица.