Левица: Мајки и трудници остануваат без работа, власта итно да ги прифати законските измени


bremenost-Depositphotos_740319450_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Левица соопшти дека мајки и трудници сè почесто остануваат без работа и ја повика власта итно да ги прифати предложените измени на Законот за работни односи, кои според партијата треба да обезбедат поголема заштита за бремените жени на работното место.


Од партијата посочуваат дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бележи пораст на предмети поврзани со дискриминација по основ на бременост, раѓање и мајчинство.

„Жени по враќање од породилно отсуство се соочуваат со прераспоредувања на пониски позиции, деградирање или директно губење на работното место“, наведуваат од Левица.

Партијата потсетува дека веќе поднела измени на Законот за работни односи, со кои се предлага автоматска трансформација на договорите од определено во неопределено време во случај на бременост, како и забрана за прекин на работниот однос поради истек на договорот во такви ситуации.

Од Левица ја обвинија власта дека не презема мерки за надминување на проблемот и покрај, како што велат, јавно декларираната загриженост за наталитетот во државата.

„Мајчинството не е приватен проблем на работничката, туку општествена одговорност“, порачаа од партијата, повикувајќи ги владејачките партии да ги поддржат законските измени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK