Левица: Државата оставена со застарена противпожарна техника, недоволен број на пожарникари и без пилоти за канадерите

IMG_20240624_162804_964.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија и ова лето сe соочува со недоволен број на пожарникари, застарени противпожарни возила, неупотреблива техника за справување со пожари и без пилоти за канадерите, реагираат од Левица.


Оценуваат дека во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна.

Дополнителен застрашувачки проблем што се наметнува кон овие скромни ресурси за борба против пожари, како што додаваат е недостатокот на пилоти за трите канадери кои беа на одржување во Шпанија.

„Од тројцата пилоти за канадерите, останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање.

Заштитата на граѓаните од пожари која треба да ја обезбеди државата е на исклучително ниско ниво!

Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35.6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера“, се истакнува во нивното соопштение.

Левица бара итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари.

Дополнително бараат итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнување на потребните минимумални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK