Левица: Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари – ДИК и општините молчат


108168108_1180410502308552_2066454553860892088_n-800x534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година.


„Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску до завршен. Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите во многу општини каде постојат задоцнувања, како и во врска со причините за ваквата состојба“, велат од Левица.

Според партијата, со ова однесување, ДИК демонстрира не само административна неодговорност, туку и дрско непочитување на трудот на илјадници лица кои професионално и одговорно го спроведоа изборниот процес.

„Да потсетиме дека висината на надоместоците за изборни ангажмани остана иста како при претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со инфлаторниот раст на животните трошоци во меѓувреме. Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што ја покажува системската негрижа кон оние што го обезбедуваат изборниот процес“, велат од партијата.

Левица бара итна и целосна исплата на сите средства што ДИК им ги должи на лицата ангажирани во спроведувањето на локалните избори, јавно објавување на податоците за реализираните и нереализираните исплати во секоја општина, како и ревидирање на сегашната пракса на исплата преку локалната самоуправа, која се покажува како исклучително неефикасна и нетранспарентна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK